 |
Студиски програми
|
|
 |
|
|
|
 |
Информации
|
|
 |
|
|
|
 |
Втор и трет циклус
|
|
 |
|
|
|
 |
Тестирања
|
|
 |
|
 |
Резултатите од ТЕМАК испитот можете да ги преземете тука.
|
|
 |
|
|
|
 |
Соопштенија и настани
|
|
 |
|
 |
| СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ за завршени студии од прв и втор циклус - Thursday, March 22, 2018
Почитувани,
Ве известуваме дека на 30 март 2018 година во 12:30 во Големиот амфитеатар на Факултетот ќе се одржи свечено доделување на дипломите на магистрантите кои се стекнале со академски степен магистер и на студентите кои дипломирале на прв циклус (додипломски) студии на Факултетот.
По тој повод Ве покануваме да присуствувате на свеченоста, која ќе се одвива по следниот протокол:
- Ве молиме да дојдете еден час порано (11.30 часот) за да добиете свечени одори. При подигањето на одората потребно е да приложите документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
- Вашето присуство е задолжително за целото времетраење на свеченоста;
- Веднаш по врачувањето на дипломата се потпишувате во главната книга на дипломирани студенти на самото место;
- На свеченоста во амфитеатарот може да Ве придружуваат најмногу двајца возрасни.
Напоменуваме дека сите трошоци по повод тој ден (патни и други трошоци) се Ваша обврска.
Со особена почит,
Декан на Филолошкиот факултет
проф. д-р Анета Дучевска
------------------------- • ------------------------- |
| Денови на франкофонијата - Monday, March 12, 2018
Денови на франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
Програма | Programme
.png)
------------------------- • ------------------------- |
| Четврта студентска филолошка конференција „Како си ми?“ - Wednesday, February 14, 2018
ПОКАНА
за учество на
Четвртата студентска филолошка конференција „Како си ми?“
Почитувани студенти ве покануваме на четвртото издание на студентската филолошка конференција „Како си ми?“ што ќе се одржи на 14.4.2018 г. во Салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
------------------------- • -------------------------
|
| КОНКУРС за доделување стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии - Friday, February 09, 2018
Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува:
К О Н К У Р С
за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2018/2019 година
Информации на следниот линк.
------------------------- • ------------------------- |
| Соопштение за почеток на настава по изборни предмети - Wednesday, February 07, 2018
СООПШТЕНИЕ
Наставата по изборните предмети од прв циклус студии
започнува на 19 февруари 2018 година (понеделник).
------------------------- • -------------------------
|
| ПОВИК за учество во Програмата за менторство на ЗПРМ и ФлФ - Wednesday, February 07, 2018
Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија (ЗПРМ) и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (ФлФ) објавуваат
ПОВИК
за учество во Програмата за менторство на ЗПРМ и ФлФ
Програмата за менторство на ЗПРМ и ФлФ е осмислена како одговор на оскудните можности за пракса за студентите по преведување и толкување во нашата земја. Таа е замислена да служи како мост меѓу академскиот и професионалниот живот на овие студенти. Преку симулација на автентичен професионален ангажман, Програмата им нуди можност на студентите да дојдат во контакт со искусни колеги, да соработуваат и да учат од нив и одблиску да добијат вистинска слика за сите аспекти на професијата преведувач/толкувач.
Право на учество имаат студентите на четврта година од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје на Катедрата за преведување и толкување или на насоките за преведување/толкување од другите катедри на Факултетот. Учеството во Програмата е доброволно. Студентите не добиваат финансиски надомест за своето учество во Програмата.
Програмата се реализира со преведувачи/толкувачи волонтери кои се членови на ЗПРМ.
Информации и пријавување на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| Соопштение за почеток на настава - Thursday, February 01, 2018
СООПШТЕНИЕ
Наставата по задолжителните предмети од Прв циклус
почнува на 5 февруари (понеделник) 2018 г.
------------------------- • -------------------------
|
| КОНКУРС за летна студентска пракса/стажирање во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ (KA 103) - Wednesday, January 24, 2018
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ (KA 103)
ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.
Времетраење на мобилноста за студенти: минимум 2, максимум 3 месеци (јуни, јули и август 2018 година).
КРИТЕРИУМИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| Десетти научен собир на млади македонисти – Kонференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова - Thursday, January 18, 2018
Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на Десеттиот научен собир на млади македонисти – Конференција во чест на проф. Лилјана Минова-Ѓуркова, што ќе се одржи на 10–11 мај 2018 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Информации на следниот линк.
Пријава за учество на следниот линк.
------------------------- • ------------------------- |
| СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС - Tuesday, January 16, 2018
Информации за пријавување испити, полагање, и запишување летен семестар на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на трет циклус - докторски студии - Thursday, December 28, 2017
Информации за заверка на зимски семестар и пријавување испити, полагање, и запишување летен семестар на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И ЗАПИШУВАЊЕ ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА УЧ. 2017/2018 - Tuesday, December 26, 2017
ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И ЗАПИШУВАЊЕ ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018
Електронско бирање предмети iKnow/eIndex: 20.1. – 16.2.2018
Поднесување документи во Студентски прашања со задолжително електронски избрани предмети:
1 година: 1.02. - 5.02.2018
2 година: 6.02. - 8.02.2018
3 година: 9.02. - 13.02.2018
4 година и повеќе: 14.02. – 16.02.2018
Ве молиме за задолжително почитување на термините по студиски години!
Информации на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| ПРИЈАВУВАЊЕ ИСПИТИ ЗА СЕСИЈАТА ЈАНУАРИ 2018 - Tuesday, December 26, 2017
Испитна сесија - јануари 2018
Прва декада: 9.1. – 18.1.2018
Втора декада: 20.1. – 31.1.2018
Електронско пријавување испити:
4.12.2017 – 8.1.2018 до 23:59 ч.
Од 9.1.2018 – казнен рок за пријавување
Информации за пријавувањето испити за сесијата ’Јануари 2018‘ на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| Гостување на д-р Ана Канарева-Димитровска од Универзитетот Архус, Данска - Thursday, December 21, 2017
Почитувани,
Ве известуваме дека д-р Ана Канарева-Димитровска, раководител на данската канцеларија на Европскиот центар за модерни јазици при Универзитетот Архус во Данска, ќе гостува на Катедрата за романски јазици и книжевности со предавање на тема „La compétence de communication interculturelle à travers les échanges interculturels en ligne“.
Предавањето ќе се одржи в четврток, 21 декември 2017 г., во 14.30 ч. во библиотеката за романски јазици и книжевности.
Со почит,
Деканат на Филолошкиот факултет
------------------------- • -------------------------
|
| Студентска претстава по предметот Италијанска драма и театар - Thursday, December 21, 2017
Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Катедрата за италијански јазик и книжевност ве покануваат на студентска претстава по предметот Италијанска драма и театар: CHICHIBIO E LA GRU.
Настанот е од хуманитарен карактер.
Мултимедијален центар, петок 22.12.2017 г. во 17:00 ч.
Влез: слободен.

------------------------- • ------------------------- |
| КОНКУРС за млади преведувачи од чешки на македонски јазик - Monday, December 18, 2017
КОНКУРС ЗА МЛАДИ ПРЕВЕДУВАЧИ: Награда „Сузана Рот“ 2018
Чешките центри (ЧЦ) и Чешкиот книжевен центар (ЧКЦ) при Моравската библиотека во Брно го објавуваат петтото издание на Меѓународниот конкурс за млади преведувачи од чешки јазик за наградата „Сузана Рот“. Конкурсот го носи името на познатата швајцарска бохемистка и преведувачка Сузана Рот (1950-1997), која има голем придонес во популаризацијата на чешката литература во странство.
Конкурсот е наменет за преведувачи-почетници и бохемисти до 40 години кои до овој момент немаат објавено преведена книга. Заинтересираните за учество на конкурсот ќе преведат еден ист текст од книга на современ чешки автор што е објавена во периодот меѓу ноември 2016 и ноември 2017 г. Книгата е избрана од специјална комисија чии членови се номинирани од ЧЦ и ЧКЦ. Преводите што ќе учествуваат во конкурсот ќе бидат оценети од компетентно жири, чиј состав за Македонија ќе го определи Дипломатското претставништво на Р. Чешка во Р. Македонија. Жирито нема да разгледува веќе објавени преводи. За секоја држава каде што се одржува конкурсот, може да биде избран само еден победник.
Информации за Конкурсот за млади преведувачи на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| Соопштение - Friday, December 15, 2017
Почитувани,
Патрониот празник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ 19.12.2017 г. (вторник) се одбележува со свечености во Салата за седници.
Вторник, 19.12.2017 г. е неработен ден, не се одржува настава и Отсекот за студентски прашања не работи.
Со почит,
Деканат на Филолошкиот факултет
------------------------- • -------------------------
|
| СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ ДИПЛОМИ за завршени студии од прв и втор циклус - Monday, December 11, 2017
Почитувани,
Ве известуваме дека на 22 и 25 декември 2017 г. во 12:30 ч. во Големиот амфитеатар на Факултетот ќе се одржи свечено доделување на дипломите за завршени студии од прв и втор циклус.
По тој повод Ве покануваме да присуствувате на свеченоста која ќе се одвива по следниот протокол:
- Ве молиме да дојдете еден час порано (во 11:30 часот) за да добиете свечени одори. При подигањето на одората потребно е да приложите документ за лична идентификација (лична карта или пасош);
- Вашето присуство е задолжително за целото времетраење на свеченоста;
- Веднаш по врачувањето на дипломата се потпишувате во главната книга на дипломирани студенти на самото место;
- На свеченоста во амфитеатарот може да Ве придружуваат најмногу двајца возрасни.
Напоменуваме дека сите трошоци по повод тој ден (патни и други трошоци) се Ваша обврска.
Со особена почит,
Декан на Филолошкиот факултет
проф. д-р Анета Дучевска
------------------------- • -------------------------
|
| Резултати од КОНКУРСОТ за наградата „Блаже Конески“ за 2017, есеј на тема - Monday, December 11, 2017
Комисијата за КОНКУРСОТ за наградата „Блаже Конески“ (2017) донесе одлука за доделување на првите три награди, и тоа:
1. Прва награда: шифра W0I1N0Y6
2. Втора награда: шифра оџак
3. Трета награда: шифра Гроф и шифра Сончкоглетка
Се молат кандидатите пријавени под наведените шифри да се пријават во Отсекот за студентски прашања, кај Сова Трајковска и како доказ да го приложат четвртиот примерок од есејот во најкраток можен рок.
------------------------- • ------------------------- |
| Отворен ден ЕРАЗМУС+ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Thursday, November 23, 2017
По тој повод, заедно со Националната агенција, организираме Отворен ден ЕРАЗМУС+ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Настанот е наменет за наставниот кадар од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и ќе се одржи на 29.11.2017 год. (среда) во 11.30 во Салата за седници на Филолошкиот факултет.
Ве покануваме да присуствувате на презентацијата и да се запознаете со можностите за аплицирање за проекти на високообразовни институции преку програмата ЕРАЗМУС+.
Деканат на Филолошкиот факултет
------------------------- • ------------------------- |
| Гостување на Клаудио Магрис, писател и професор емеритус на Универзитетот во Трст - Tuesday, November 14, 2017
Почитувани колеги,
Со задоволство ве покануваме на книжевна средба со Клаудио Магрис, писател и професор емеритус на Универзитетот во Трст, кој ќе гостува на нашиот Факултет на 17 ноември (петок) во 11 часот во Салата за седници со предавање на тема Како се раѓа книгатa? Размисла, проект, писмо (Come nasce un libro? Pensare, progettare, scrivere). Предавањето ќе биде на италијански јазик.
Истовремено, ве покануваме и на средбата на 16 ноември (четврток) во 19 часот во Малата сала на Македонската филхармонија, кадешто за излагањето на тема Книжевност, граници, идентитети ќе биде обезбеден симултан превод на македонски јазик.
Во прилог е поканата.
Срдечен поздрав,
Деканат на Филолошкиот факултет.
Поканата е на следниот линк.
------------------------- • -------------------------
|
| ЈАВЕН ПОВИК за учество на XXI Ораторска вечер ,,Иво Пухан” - Tuesday, November 07, 2017
Правен факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје
Организациониот одбор на Ораторската вечер „Иво Пухан” објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за учество на XXI Ораторска вечер ,,Иво Пухан”
Информации на следниот линк
------------------------- • ------------------------- |
| КОНКУРС за наградата „Блаже Конески“, есеј на тема (една тема, по избор) - Tuesday, October 31, 2017
Филолошки факултет „Блаже Конески“
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
распишува
КОНКУРС
за наградата „Блаже Конески“,
есеј на тема (една тема, по избор)
1. Конески и предизвиците на есејот
2. Конески за јазикот и јазикот на Конески
3. Конески и препевот
4. Мајсторот на зборот во мојата имагинација
КОНКУРСОТ ТРАЕ ДО 30 НОЕМВРИ 2017 ГОДИНА
Информации на следниот линк
------------------------- • ------------------------- |
| СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА oд 1.XI.2017 - Monday, October 30, 2017
ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ И СТРАНКИ
СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН
11:00 – 13:00 ч.
ПРИЕМЕН ТЕРМИН ЗА ВРЕМЕ НА
УПИСИ, ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР И
ИСПИТНА СЕСИЈА
СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН
11:00 – 16:00 ч.
------------------------- • ------------------------- |
| ЈУБИЛЕЈ НА ИБЕРИСКИТЕ ЈАЗИЦИ НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ - СКОПЈЕ - Tuesday, October 24, 2017Почитувани колеги,
Катедрата за романски јазици и книжевности има чест да ве покани на одбележувањето на јубилејот на ибериските јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ (35 години настава по шпански јазик и 10 години настава по португалски јазик) што ќе се одржува на 26 и 27 октомври 2017 г.
По отворањето на 26 октомври 2017 г. во 10.00 часот во Салата за состаноци на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе следува настап на студентите истиот ден во 19.30 часот во Јавна соба (Public room) (ул. 50-та Дивизија, бр. 22, Скопје) и проекцијата на филмови на шпански и на португалски јазик на 27 октомври 2017г.
Срдечен поздрав,
Катедра за романски јазици и книжевности,
Раководител проф. д-р Ирина Бабамова
Програма

------------------------- • ------------------------- |
| Оглас за пракса во МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - Thursday, October 19, 2017 Месечниот надоместок кој ќе го примаат студентите изнесува 10.000 денари. ...линк
------------------------- • ------------------------- |
| Соопштение: Планинарска тура Водно 2017 - Thursday, October 19, 2017На 27.10.2017 година (петок), ќе се одржи спортско-рекреативен и забавен ден, 32. есенска студентска планинарска тура Водно 2017. Традиционално, покровител на Планинарската тура е Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Оваа спортска активност се одржува по повод „13 Ноември“- Денот на ослободувањето на Град Скопје.
Студентите од прва година задолжително треба да го понесат својот индекс. Почетокот на планинарската тура „Водно 2017 година“ е во 10 часот на платото пред хотелот на Средно Водно.
Срдечен поздрав,
Деканат на Филолошкиот факултет
------------------------- • ------------------------- |
| Соопштение за студенти прва година - Tuesday, October 17, 2017 Задолжително пријавување на систематски преглед линк
------------------------- • ------------------------- |
| консултации на катедра по Италијански - Monday, October 09, 2017 |
| Едносеместрални стипендии на Универзитетот во Саленто - Thursday, September 28, 2017
Се известуваат студентите на Филолошкиот факултет во Скопје дека имаат можност да се пријават на конкурс за едносеместрални стипендии на Универзитетот во Саленто. Предуслов за конкурирање е познавање на италијанскиот јазик на ниво B1. Рокот на конкурсот е продолжен до 09.10.2017.
|
| Курс по Јапонски јазик - Tuesday, September 26, 2017 |
| соопштение за прва година - Tuesday, September 19, 2017 СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА
Ве известуваме дека презентацијата на изборните предмети за студентите од прва година ќе се одржи на 22.9.2017 г. со почеток во 11 часот во Големиот амфитеатар (А3).
Срдечен поздрав,
Деканат на Филолошкиот факулет |
| објава - Tuesday, September 19, 2017Запишување на зимски семестар 2017/18 година повеќе... |
| Распоред на часови за задолжителни предмети,зимски семестар 2017/18 - Monday, September 18, 2017 |
| соопштение трет уписен рок - Tuesday, September 12, 2017download на конечни резултати Третиот уписен рок за прием на кандидати на Филолошкиот факултет,,Блаже Конески“, ќе биде само на 15.09.2017 од 08-14.00 часот во Одделението за студенски прашања. Решението за прием на кандидати (конечна ранг листа) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ за третиот уписен рок ќе биде објавена на 15.9.2016 година во 15.00 часот, а запишувањето на примените кандидати ќе се врши на 18.9.2017 година. линк до слободни места термини документи правилник 1 родител конкурс |
| конечни резултати втор уписен рок 2017/18 - Monday, September 11, 2017Почитувани кандидати за упис,
Преку iKnow системот се објавени листите по групи со конечни резултати од вториот уписен рок на Филолошкиот Факултет "Блаже Конески" - Скопје!
Резултатите (download ZIP file) се исто така објавени на огласната табла на факултетот! |
| упис на примените на 13-14 Септември 2017 год. - Monday, September 11, 2017Сите кандидати кои што се примени по разни основи на вториот уписен рок на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ должни се да се запишат на 13-14 Септември 2017 год. помеѓу 11.00-16:00 часот во Одделението за суденски прашања на факултетот.
документи за упис партиципација ИКСА водич админ.такса
|
| едносеместрални стипендии во Италија - Saturday, September 09, 2017Се известуваат студентите на Филолошкиот факултет во Скопје дека имаат можност да се пријават на конкурс за едносеместрални стипендии на Универзитетот во Саленто. Предуслов за конкурирање е познавање на италијанскиот јазик на ниво B1. Конкурсот е отворен до 15.09.2017.
Повеќе информации на:
|
| упис во втор и трет циклус на ФЛФ - Saturday, September 09, 2017 |
| приемен ден за новите студенти - Friday, September 08, 2017СЕ ИЗВЕСТУВААТ БРУЦОШИТЕ НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ
„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ДЕКА ПРИЕМНИОТ ДЕН ЗА НОВИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 18 СЕПТЕМВРИ (понеделник) СО ПОЧЕТОК ВО 12.00ч ВО ГОЛЕМИОТ АМФИТЕАТАР |
| поелиминарни резултати втор уписен рок 2017/18 - Wednesday, September 06, 2017 Денес во 10:00 часот преку iKnow системот е објавена листата на прелиминарни резултати од вториот уписен рок на Филолошкиот Факултет "Блаже Конески" - Скопје! Рокот за жалба е 24 часа и истекува на 07/09/2017 во 10:00 часот!
линк до прелиминарните резултати |
| Нов испит по Македонски Јазик ТЕМАК - Monday, September 04, 2017 |
| втор уписен рок 2017/2018 на Филолошки Факултет "Блаже Конески" - Friday, September 01, 2017 |
| Еразмус+ Конкурс 2017/2018 - Thursday, August 31, 2017 |
| конечни резултати од прв уписен рок 2017/2018 година - Friday, August 25, 2017Почитувани кандидати за упис,
Преку iKnow системот се објавени листите по групи со конечни резултати од првиот уписен рок на Филолошкиот Факултет "Блаже Конески" - Скопје!
Резултатите (link) се исто така објавени на огласната табла на факултетот! |
| прелиминарни резултати за уписниот рок 2017/2018 - Wednesday, August 23, 2017Денес во 10:00 часот преку iKnow системот е објавена листата на прелиминарни резултати од првиот уписен рок на Филолошкиот Факултет "Блаже Конески" - Скопје!
Рокот за жалба е 24 часа и истекува на 24/08/2017 во 10:00 часот!
линк до прелиминарните резултати |
| Во период 4-14 Септември 2017 (20 часа) - Thursday, August 17, 2017Учете француски јазик!
За сите студенти и идни студенти на УКИМ. Интензивна настава по француски јазик за почетници. link1 link2 |
| Испит ТЕМАК одржан на 15.08.2017 - Thursday, August 10, 2017 |
| Уписи прв циклус студии Филолошки „Блаже Конески”- Скопје 2017/18 - Sunday, August 06, 2017 |
| Турски јазик и книжевност Септември 2017 - Friday, August 04, 2017 |
| Конкурс мобилност Erazmus+ 2017/18 - Friday, July 21, 2017 |
| распоред сесија 8-9/2017 шпански јазик и книжевност - Wednesday, July 12, 2017 |
| распоред сесија 8-9/2017 романски јазици и книжевност - Monday, July 10, 2017 |
| пријавување испити сесија август/септември 2017 - Thursday, July 06, 2017 |
| ТЕМАК објава - Tuesday, June 27, 2017 ТЕМАК - ИСПИТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ ЈАЗИК испитот повторно ќе се организира и во август, терминот за полагање на испитот е 15. август во 10.оо часот. Рокот за поднесување документи е 10.8.2017 година.
формулар / пријава известување уплатница |
| резултати испит Темпус - Thursday, June 15, 2017РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК КАКО СТРАНСКИ 6.6.2017 г.
линк |
| распоред катедра Романски - Monday, June 12, 2017 |
| ЕРАЗМУС+ Отворен ден „Данте Алигиери“ - Thursday, May 25, 2017
Презентација на програмите ЕРАЗМУС+ и Отворен ден на Институтот „Данте Алигиери“ линк
|
| славистички собир - Wednesday, May 24, 2017 |
| летна школа Универзитет Единбург - Tuesday, May 23, 2017 |
| промоција на дипломи - Friday, April 28, 2017 ПРОМОЦИЈА НА МАГИСТРИ И ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ НА ФИЛОЛОШКИОТ ФАКУЛТЕТ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ - СКОПЈЕ
5 МАЈ 2017 во 12.30ч во Големиот амфитеатар
|
| соопштение - Saturday, April 22, 2017 |
| Меѓунар. симпозиум Турски Јазик - Thursday, April 20, 2017 |
| објава за пракса во ЏММк - Wednesday, April 12, 2017 Врз основа на меморандум за соработка за пракса на студенти со Џонсон Мети Македонија, прием на апликации до 14 Мај 2017, линк за аплицирање |
| повик за учество - Sunday, April 02, 2017 |
| соопштение - Saturday, April 01, 2017 |
| известување - Friday, March 31, 2017Почитувани студенти и колеги, следнава недела на Катедрата за англиски јазик и книжевност ќе гостува проф. Пиотр Кеп (Piotr Cap) од Универзитетот во Лоџ, Полска (University of Lodz, Poland) кој ќе одржи три предавања од областа на Прагматиката и Дискурсната анализа во следниве термини:
- Понеделник,03.04.2017,од 09.40 во П4 Тема: Implicature in Public Discourse
- Вторник, 04.04.2017, од 13ч. во П4 Тема: Conceptual Metaphor in Political Discourse
- Среда, 05.04.2017 од 13ч. во англиската библиотека Тема: Proximization Theory. US vs. THEM in political discourse
Сите заинтересирани можат слободно да присуствуваат на предавањата.
Катедра за англиски јазик и книжевност
|
| како си ми? - Wednesday, March 15, 2017 |
| за стиденти од I година - Wednesday, March 01, 2017 На 04.05.2017 (четврток) на Средно Водно пролетен хепенинг за студенти од I годинана на УКИМ линк |
| 01.04.2017 Панел-дискусии - Monday, February 06, 2017 |
| соопштение летен семестар 2017 - Friday, January 27, 2017 |
| соопштение - Thursday, January 26, 2017 Предавањата за летниот семестар во учебната 2016/2017 година започнуваат на 6-ти Февруари  |
| соопштение - Monday, January 16, 2017 |
| соопштение - Tuesday, December 20, 2016
На 22.12.2016 (четврток) Михаил Лушин, аташе при амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија,ќе одржи предавање на тема:
„РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ НА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА“.
Предавањето ќе се одржи во Сала за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје со почеток во 14 часот.
Ве покануваме да присуствувате на настанот. |
| еразмус - Friday, December 09, 2016
Конкурс за магистерски студии во странство преку програмата ЕРАЗМУС МУНДУС. Неопходни се познавања на англискиот и на германскиот јазик.
Повеќе информации... |
| соопштение - Wednesday, December 07, 2016
Пријавување на испити за јануарска сесија 2017 година.
Соопштение... |
| соопштение - Tuesday, December 06, 2016
Свечено доделување дипломи на студентите и магистрандите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје
Повеќе... |
| соопштение - Tuesday, December 06, 2016
Извештај на комисијата за доделување на наградата „Блаже Конески“ - 2016 г.
Повеќе... |
| соопштение - Friday, December 02, 2016 |
| соопштение - Thursday, December 01, 2016 |
| соопштение - Tuesday, November 08, 2016
Почитувани,
Ве известуваме дека поради лошите временски услови планинарската тура Водно 2016, која беше предвидена за 9.11.2016 г. се одложува за друг ден, а наставата ќе се одвива тековно. |
| Конкурс - Monday, November 07, 2016
Конкурс за наградата „Блаже Конески“
Повеќе... |
| соопштение - Thursday, November 03, 2016 |
| соопштение - Thursday, November 03, 2016
НАГРАДА ВАВИЛОН 2017
Конкурсот за наградата Вавилон за најдобар млад преведувач за 2017 година е објавен на 26 септември о.г. и уште е во тек. Во врска со тоа, Здружението на преведувачи МАТА организира информативна средба за сите заинтересирани, која ќе се одржи на 8 ноември (вторник) во ЕУ инфо-центарот со почеток во 16:00 часот. За секој првонаграден превод следи парична награда во износ од 500 евра. |
| Предавање - Friday, October 28, 2016
На 1.11.2016 година (вторник) проф. Бранко Тошовиќ од Универзитетот во Грац (Австрија) ќе одржи предавање на тема „Корпусна лингвистика“.
Предавањето ќе се одржи во Салата за седници со почеток во 9 часот.
Ве покануваме да присуствувате на настанот. |
| колоквиуми - Thursday, October 27, 2016
ТЕРМИНИ ЗА КОЛОКВИУМИ
I колоквиумска недела: 14.11.2016 -19.11.2016
II колоквиумска недела: 26.12.2016 - 30.12.2016 |
| апликација - Wednesday, October 26, 2016
Излезе првиот деловен речник (анг-мак, и обратно) во форма на мобилна апликација! За повеќе информации и линк за симнување на апликацијата на iOS и Android системите, посетете ја веб страната:www.macengdictionary.com |
| соопштение - Friday, October 21, 2016
Студентите што одбрале предмети по корејски/јапонски јазик ќе имаат средба со лекторките на 25.10.2016 (вторник) во 13:30 пред Библиотеката на Катедрата за општа и компаративна книжевност. |
| соопштение - Thursday, October 06, 2016
Задолжителен систематски преглед за студентите од прва година
Повеќе... |
| соопштение - Monday, October 03, 2016
СООПШТЕНИЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЕРАЗМУС+
Ве информираме дека потребната документација треба да биде доставена во 3 примероци, и тоа: 3 оригинални примероци (пополнети електронски) од Договорот (Learning Agreement), Пријавата (Student Application Form) и Кратката биографија (CV -Europass Model), а од сите други наведени документи потребно е да доставите 1 оригинален документ и 2 копии. Во табелата за предметите што треба да ви бидат признаени задолжителен е потпис од предметниот професор.
Доколку имате избрано и друг факултет како алтернатива, потребно е да ни доставите договор (Learning Agreement) и за тој факултет. И во овој случај неопходен ви е потпис од предметните професори.
|
| Предавање - Friday, September 30, 2016
Предавање на тема „Градење кариера како самостоен преведувач: улогата на технологијата и професионалната автономија“
Предавач: д-р Атила Пирот (Република Унгарија)
Повеќе...
|
| конференција - Thursday, September 22, 2016
Почитувани,
Со особена чест и задоволство ве покануваме да присуствувате на настанот што го организираме по повод Европскиот ден на јазиците, кој ќе се одбележи на 26.9.2016 година (понеделник) со почеток во 10 часот во Салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.
Во прилог ви ја доставуваме програмата.
|
| уписи 2016 - Friday, September 16, 2016 |
| соопштение - Friday, September 16, 2016
На 21.9.2016 (среда) од 10 часот во Амфитеатар 4 (на Филозофскиот факултет) ќе се одржи ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР - ЕРАЗМУС +. Ве покануваме да присуствувате на презентацијата со цел да се запознаете со можностите што ви ги нудат програмите. |
| уписи 2016 - Thursday, September 15, 2016
Трет уписен рок 2016 година
Резултати од успехот од средното образование (прелиминарна листа)
Соопштение
Листа |
| уписи 2016 - Wednesday, September 14, 2016 |
| конференција - Tuesday, September 13, 2016
Здружението на преведувачи на РМ организира Меѓународна конференција за преведувачи и толкувачи на која можат да учествуваат и студенти
Повеќе...
|
| научен собир - Wednesday, September 07, 2016
Меѓународен научен собир „ЕВАЛУАЦИЈАТА ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И КНИЖЕВНОСТИ“
Повеќе... |
| соопштение - Wednesday, September 07, 2016
Почитувани студенти бруцоши,
Со особено задоволство ве известуваме дека првиот академски час ќе се одржи на 15 септември 2016 година (четврток) во 12:00 часот во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Ве покануваме сите да присуствувате на овој свечен час и заедно да го одбележиме почетокот на новата академска година. |
| уписи 2016 - Wednesday, September 07, 2016 |
| упис 2016 - Tuesday, September 06, 2016
Втор уписен рок
Резултати од успехот од средното образование (прелиминарна листа)
Соопштение
Листа |
| упис на семестар - Thursday, September 01, 2016
Запишување на зимски семестар 2016/17 година
Повеќе... |
| уписи 2016 - Wednesday, August 31, 2016 |
| најдобро рангирани студенти - Friday, August 26, 2016 |
| уписи 2016 - Tuesday, August 23, 2016 |
| соопштение - Monday, August 22, 2016ТЕМАК испит за познавање на македонскиот јазик како странски
Повеќе... |
| конкурс - Friday, August 19, 2016Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС
Повеќе... |
| уписи 2016 - Friday, July 01, 2016 |
| соопштение - Wednesday, June 29, 2016Пријавување испити за августовска сесија
Повеќе... |
| соопштение - Thursday, June 02, 2016 |
| пракса - Thursday, May 26, 2016 |
| соопштение - Wednesday, May 25, 2016Втор циклус студии по конференциско толкување
Повеќе... |
| соопштение - Friday, May 20, 2016Соопштение за промоција на дипломирани студенти
Повеќе... |
| соопштение - Tuesday, May 17, 2016СООПШТЕНИЕ
за странските државјани заинтересирани за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Повеќе...
|
| соопштение - Wednesday, May 04, 2016 |
| известување - Wednesday, April 27, 2016Пријавување на испити за јунска сесија 2016 година
Повеќе... |
| семинар по италијански јазик - Thursday, April 14, 2016 |
| пракса - Wednesday, April 06, 2016 |
| конкурс - Monday, April 04, 2016Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиската програма по
конференциско толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2016/2017 година |
| Информација - Tuesday, March 15, 2016 ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОДГОТВИТЕЛНАТА НАСТАВА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА СТРАНСКИ
ДРЖАВЈАНИ
Повеќе... |
| оглас - Wednesday, February 24, 2016
Оглас за сместување во Домот за докторанди
Повеќе... |
| научен собир - Wednesday, February 24, 2016Покана за меѓународен научен собир
ЕВАЛУАЦИЈАТА ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И КНИЖЕВНОСТИ
Повеќе... |
| соопштение - Monday, February 22, 2016 |
| Повик - Friday, February 19, 2016Повик за учество за франкофонски симпозиум
Повеќе... |
| работилница - Wednesday, February 17, 2016 |
| известување - Tuesday, February 02, 2016 |
| известување - Tuesday, February 02, 2016 |
| упис - Wednesday, January 27, 2016 |
| Праска во seavus - Friday, January 22, 2016 |
| известување - Tuesday, December 29, 2015 Известување за стручната квалификација по добивање на диплома од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Повеќе... |
| зависности - Friday, December 25, 2015 Укинување на условеност на предмети
Повеќе... |
| пракса - Tuesday, December 22, 2015 |
| награда - Monday, December 14, 2015 ИЗВЕШТАЈ НА КОМИСИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА
НАГРАДАТА „БЛАЖЕ КОНЕСКИ” 2015 г.
|
| пријавување испити - Monday, December 07, 2015Пријавување на испити за јануарски испитен рок 2016.
Повеќе... |
| ден на дрвото - Tuesday, December 01, 2015Ден на дрвото
Согласно со Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 21.11.2015 година, поради спроведување на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 2 декември 2015 година (среда), е неработен ден. |
| конкурс - Wednesday, November 25, 2015 Конкурс за наградата „Блаже Конески“
Повеќе... |
| german - Thursday, November 12, 2015 |
| стпендија - Thursday, November 12, 2015 СООПШТЕНИЕ за студентите од Катедрата за германски јазик и од Катедрата за преведување и толкување
Универзитетот во Вирзбург, Германија нуди можности за добивање стипендија. За повеќе информации можете да се обратите кај проф. д-р Емина Авдиќ. Соопштението е истакнато пред Библиотеката на Катедрата за германски јазик.
|
| планинарска тура - Tuesday, November 03, 2015Планинарската тура Водно 2015, која ќе се одржи на 5.11.2015 година.
Повеќе... |
| вавилон конкурс - Monday, November 02, 2015 ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ИЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРЕВЕДУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ЗПРМ/МАТА) ГИ ПОКАНУВААТ МЛАДИТЕ ПРЕВЕДУВАЧИ И ПОТЕНЦИЈАЛНИ УЧЕСНИЦИ НАКОНКУРСОТ ВАВИЛОН 2016 ЗА НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР МЛАД ПРЕВЕДУВАЧ НА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА ЗА КОНКУРСОТ КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 02.11.2015(ПОНЕДЕЛНИК) ОД 16.00ч ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЕУ ИНФО ЦЕНТАРОТ. |
| систематски - Thursday, October 22, 2015 |
| бизнис план - Sunday, October 18, 2015 |
| ЕРАЗМУС - Tuesday, October 06, 2015 На 8.10.2015 г. (четврток) во 15:00 во библиотеката на Катедрата за англиски јазик и книжевност ќе се одржи информативна средба во врска со програмата за размена на студенти ЕРАЗМУС+. Доколку сте заинтересирани за оваа програма, ве покануваме да присуствувате на средбата. |
| кинески - Tuesday, October 06, 2015 Прва средба со лекторот по кинески јазик во Четврток во 12:00 часот пред билбиотекат за Општа и компаративна книжевност.
|
| јапонски - Thursday, October 01, 2015 ИЗВЕСТУВАЊЕ
за почетокот наставата по јапонски јазик
во учебната 2015/2016 година (зимски семестар)
Студентите кои го избрале предметот Јапонски јазик 1 (почетен) или Јапонски јазик 3 ќе може да ја остварат првата средба со проф. д-р Еико Шимабукуро на 5.10.2015 (понеделник) во 12 часот пред Библиотеката за општа и компаративна книжевност. На средбата ќе се договорат термините за изведување на наставата. |
| гостување - Thursday, October 01, 2015 На 08.10.2015 година (четврток) акад. Ала Шешкен од Московскиот државен универзитет „М.В.Ломоносов“ ќе одржи предавање на тема „Блаже Конески - македонско-руски литературни врски“.
Предавањето ќе се одржи во Салата за седници со почеток во 9 часот.
Ве покануваме да присуствувате на настанот. |
| iknow нова адреса - Tuesday, September 29, 2015 |
| конечна 3 рок - Monday, September 21, 2015 Конечната ранг листа за третиот уписен рок можете да ја преземете тука. |
| упис зимски 2015 - Monday, September 14, 2015 Упис на зимски семестар за учебната 2015/2016
Повеќе... |
| Публикација Вкрстувања - Thursday, September 03, 2015Публикација Вкрстувања издадена во рамки на проектот Преведувањето и наставата по италијански како странски јазик, публикацијата можете да ја преземете тука. |
| конкурси втор и трет циклус - Tuesday, September 01, 2015 |
| упис 2015/2016 - Tuesday, August 04, 2015 Запишување на прв циклус на студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје
Повеќе... |
| КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ - Thursday, August 27, 2015 |
| работа - Friday, July 31, 2015Џонсон Мети - Администратор во комерција
Повеќе... |
| бизнис план - Friday, July 31, 2015 Јавен повик за избор на најдобри бизнис планови и за започнување на бизнис
Повеќе... |
| темак - Wednesday, July 08, 2015 СООПШТЕНИЕ
за странските државјани заинтересирани за студирање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Писмениот дел од тестот за познавање на македонскиот јазик како странски – ТЕМАК ќе се изведе на 4.8.2015 година (вторник) со почеток во 9:00 часот во Амфитеатарот А1 на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Заинтересираните кандидати треба да уплатат 2000 денари на жиро-сметка на Факултетот (прилог: уплатница) и на денот на испитот да носат со себе документ за лична идентификација (пасош или лична карта) и копија од уплатницата. |
| riječki studentski interdisciplinarni kongres - Monday, June 29, 2015 riječki interdisciplinarni kongres
studenata društvenih i humanističkih znanosti
D R U Š T V O ( N E ) Z N A N J A
|
| награден натпревар - Monday, June 29, 2015 |
| Пријавување испити за Августовската сесија 2015 - Monday, June 22, 2015Пријавување на испити за Августовската испитна сесија 2015
Повеќе... |
| славистика - Thursday, March 19, 2015 II меѓународна студентска конференција Jučer, danas, sutra - slavistika.
Повеќе... |
| систематски - Thursday, March 19, 2015 Информации за систематски преглед за студентите од прва година.
Повеќе... |
| пракс - Tuesday, March 10, 2015 |
| пракса - Monday, February 09, 2015ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОБВРСКАТА НА СТУДЕНТИТЕ ЗА ПОСЕТУВАЊЕ ПРАКТИЧНА НАСТАВА
Повеќе... |
| еразмус - Thursday, January 15, 2015 |
| познавање англиски - Tuesday, December 23, 2014 Степен на познавање на англиски јазик на студентите коишто дипломирале на Катедрата за англиски јазик и книжевност.
Повеќе... |
| координатори - Tuesday, February 11, 2014 Почитувани студенти,
За сите прашања во врска со студиските програми и планови можете да се обратите до координаторот на соодветната катедра. Во прилог е даден списокот на ЕКТС-координатори и преимните термини кај секој од нив.
Со почит,
|
| приемни денови стручна служба - Wednesday, October 03, 2012 ВАЖНО!
Приемни денови на стручната служба
повеќе... |
| ТЕМАК - Friday, August 21, 2015 Писмениот дел од тестот за познавање на македонскиот јазик како странски – ТЕМАК ќе се изведе на 31.8.2015 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Заинтересираните кандидати треба да уплатат 2000 денари на жиро-сметка на Факултетот (прилог: образец од уплатница) и на денот на испитот да ја носат со себе потврдата за извршена уплата (уплатницата) и документ за лична идентификација (пасош или лична карта). |
| резултати темак - Wednesday, August 05, 2015 Резултатите од ТЕМАК можете да ги преземете тука. |
| erasmus - Thursday, May 14, 2015 ИФОРМАЦИИ ЗА КОНКУРСОТ ЗА ЕРАЗМУС+
Во врска со реализацијата на Еразмус+ програмата за учебната 2015/2016
година, ве известуваме дека Конкурсот за мобилност на студенти и
наставен кадар ќе биде објавен во почетокот на септември 2015 година.
Тоа значи дека студентите можат да аплицираат за мобилност само во
летниот семестар за термин јануари-јуни 2016 година. Наставниот кадар ќе
може да реализира мобилност во текот на 15 октомври 2015-јуни 2016
година. Сите информации во врска со програмата можете да ги најдете на
интернет-страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk/megjunarodna
sorabotka/Erazmus+
Текстот на конкурсот за објавување на интернет-страницата на
факултетите ќе биде доставен кон крајот на август. |
| пријави - Thursday, May 07, 2015 СООПШТЕНИЕ
Се известуваат студентите дека е строго забрането да се вршат корекции на пријавите за испит (корекции со коректор, пенкало кое се брише и сл.). Во случај да се констатира ваква неправилност студентот подлежи на дисциплинска одговорност. |
| студирај полски - Monday, April 27, 2015 |
| Известување - Friday, February 06, 2015Известување
Студентите од прва година кои немат извршено систематски преглед истиот да го извршат во текот на периодот од 16 до 20 февруари. По извршениот систематски преглед да дојдат во отсекот за студентски прашања за заверка на зимски семестар и упис на летен семестар 2014/15. |
| презапишување - Wednesday, September 10, 2014 СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ОД УЧ. 2013/2014
Почитувани студенти, ве потсетуваме на одредбата од чл. 323 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), со која е регулиран статусот на студентите запишани во уч. 2013/2014, а која гласи:
„Студент запишан со партиципација на трошоците за студирање, го губи статусот на студент запишан во државна квота и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:
- еден предмет запишува по трет пат;
- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на наредниот соодветен семестар (зимски, односно летен)“.
Одредбата од наведениот член е цитирана во чл. 4 од Договорот што го имате склучено со Факултетот при запишувањето.
Од Деканатот на Факултетот |
| втор циклус - термини - Monday, February 10, 2014 Почитувани студенти на втор и на трет циклус универзитетски студии,
Заради поголема ефикасност во работењето на Стручната служба на Факултетот, Деканатот воведе приемни денови во отсеците. Во врска со тоа, ве известуваме дека за вас приемни денови се понеделник и четврток од 8 до 10 часот и вторник од 12 до 14 часот.
Се надеваме на разбирање од ваша страна. |
| прием - Thursday, September 19, 2013 СРЕДБА СО ДЕКАНОТ, СО ПРОДЕКАНИТЕ ИЛИ СО СЛУЖБИТЕ ВО ДЕКАНАТ СЕ ОСТВАРУВА САМО ВО ИСКЛУЧИТЕЛНИ СИТУАЦИИ, И ТОА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ НА СЛЕДНАВА АДРЕСА: kontakt@flf.ukim.edu.mk
Повеќе... |
| интервју - Monday, April 27, 2015Интервју со амбасадорот на кралството Шпанија, реализирано од студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“
Повеќе... |
| Ваучери - Monday, April 06, 2015НОВО: Информации за издавање на вредносни бонови - ваучери за набавување на таблет компјутери
Повеќе...
Барањата можете да ги поднесете во студентската служба, секој работен ден од 11:00 до 14:00 часот.
Барањето можете да го преземете тука. |
| одлука - информации јавен карактер - Monday, October 22, 2012Одлука Информации од јавен карактер
повеќе... |
| таксени марки - Monday, January 17, 2011 |
| претстава - Monday, May 18, 2015 |
|
|
|
 |
|
|
|
 |
онлајн
|
|
 |
|
 |
 |
People Online:
|
 |
Visitors:
1
|
 |
Members:
0
|
 |
Total:
1
|
|
|
|
 |
|
|
 |
Материјали
|
|
 |
|
|
|
|